Полицијата во Хонг Конг уапси десетина лица по судири за време на вчерашните продемократски протести.
Полицијата употреби солзавец и палки за растерување на демонстрантите.
Ова се првите слични инциденти откако кон средината на месецот властите ги расчистија барикадите и шаторите, поставени од движењето „Окупирај го центарот“ и студентските организации во поранешната британска колонија, вратени на Кина во 1997 година.
Во соопштение полицијата ги обвини демонстрантите за предизвикување хаос и блокирање на улиците, во бизнис центарот Монкок.