Продолжува победничката серија на Црвена звезда

Од:

Со убедливи 99:58 кошаркарите на Црвена звезда попладнево го совладаа Левски во Софија и ја продолжија победничката серија која трае од почетокот на сезоната во АБА лигата.

Црвено-белите до победата во 14.коло беа предводени од Никола Калиниќ со 22 и Мајк Цирбес со 14 поени.

Натпреварот се одигра пред празни трибини поради казната на Левски со две средби на свој терен пред празни трибини добиена поради лошата организација на дуелот со Партизан.

Претходно се одиграа три дуели од оваа рунда: Цедевита – Крка 100:75, Партизан – Шолнок 62:55, Игокеа – Задар 71:56 и Олимпија – Цибона 74:77.

Вечер од 18 часот се среќаваат Металац – Будуќност.

Колото ќе биде заокружено утре со дуелот МЗТ Скопје Аеродром – Мега Лекс (почеток во 20 часот).

Табела: Црвена Звезда 14-0 (победи-порази), Будуќност 11-2, Цедевита 10-4, Олимпија 8-6, Цибона 8-6, Партизан 7-7, Крка 6-8, Шолнок 6-8, Мега 6-7, Задар 6-8, Игокеа 5-9, Металац 4-9, МЗТ Скопје Аеродром 4-9, Левски 1-13.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос