Со нови 1.000 наслови збогатена библиотеката „Феткин“ во Кавадарци

Од:

Со околу илјада нови книги годинава е збогатена градската библиотека „Феткин” од Кавадарци, информираше денеска директорката Трајанка Атанасова.

– Станува збор за стручна литература добиена во рамки на проектот на Владата на Република Македонија, но и светски бестселери како и лектирни изданија, соопшти директорката.

Атанасова подвлече дека за купување на дел од овие книги се искористени дел од тековните средства што ги добиваат ваквите институции  секоја година како блок дотации, а и самите имаат вложено сопствени приходи од наплатена членарина,  за збогатување на фондот на библиотеката.

– Основците и средношколците најмногу читаат лектири и книги кои им се во материјалот за обработка на училиште. Студентите и постдипломците позајмуваат главно стручна литература, а голем дел од возрасните чиатели преферираат бестселери, трилери и драми, рече Атанасова.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

Кампања „Читаме современи македонски автори“

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска