ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ го кочи развојот на Охрид?

Од:

Најавите за изградба на автобуска станица и катна гаража во Охрид се само дел од проектот за манипулација на Петрески со граѓаните на Охрид, обвинувуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ во Охрид.

Од таму велат дека автобуската станица е истата онаа која Петрески ја ветил уште пред 8 години, но никогаш не ја изградил.

„Сега како подлога за новата кандидатура на лагата излегува со Проект за изградба на автобуска станица за кој прво нема донесено Детален урбанистички план за опфатот каде е планирана Автобуската станица, нема прецизен план и финансиска конструкција за целиот процес и на крајот на краиштата се нуди изградба на Автобуска станица по принцип на јавно приватно партнерство. Знаејќи го искуството со коруптивното работење на Петрески може да претпоставуваме кого и како Петрески би избрал за партнер. Затоа овој процес освен што е огромна предизборна лага на Петрески е показател на непроменетото коруптивно размислување на Петрески и неговиот тим“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Општина Охрид велат дека ВМРО-ДПМНЕ конечно признале дека го забавувале процесот за реализирање на капиталните инвестиции како што се катната гаража и автобуската станица, од ситно партиски интереси.

„Деталните урбанистички планови не ги носи градоначалникот, туку Советот на Општина Охрид, по претходно добиени согласности од Министерството за транспорт и врски и други надлежни органи, на чие чело се луѓе од нивната партија.

Затоа, неопходно е сега да ја понесат одговорноста, зошто над 30 детални урбанистички планови стојат во фиоките на нивните функционери“, велат од кабинетот на Петрески.

ВМРО-ДПМНЕ призна дека целта на кочењето на реализацијата на капиталните инвестиции во Охрид била, нив да ги реализира нивниот нов градоначалник со помош на Владата.

„Им порачуваме дека нема да им се реализираат ниските политички страсти, во Охрид нема да има градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ на престојните локални избори, ниту пак Влада на чие чело би била нивната партија“, велат од општина Охрид.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски