Конгресот на ФИАФ најзначаен настан на Кинотеката во 2014-та

Од:

Кинотеката на Македонија во 2014 година реализираше голем број проекти и настани, меѓу кои централно место имаше организацијата на 70. Конгрес на Меѓународната асоцијација на филмски архиви (ФИАФ), која на Кинотеката и беше доверена пред две години и оттогаш траеја подготовките.

Директорката на Кинотеката Мими Ѓоргоска-Илиевска денеска на прес-конференција сумирајќи ги сите настани во годината што завршува, рече дека колективот е особен задоволен од организацијата на Конгресот во мај, посветен на сто години од почетокот на Првата светска војна.

Рече дека имало позитивни постреакции на нивни колеги, а признание добиле и од  Секретаријатот на ФИАФ – за  бројноста на учесници (200 од 80-ина институции од околу 50 земји во светот), квалитетот на рефератите и од концепцијата на конгресот на кој, покрај симпозиум, имаше и филмски вечери со документарци за војната од архиви од цел свет.

Ѓоргоска-Илииевска соопшти дека во 2014 Кинотеката ги реализирала тековните активности, како проектот за реаставрација и дигитализација, филмски циклуси за презентации на национални кинематографии, некои првпат прикажани, на пример циклусот израелски филм.

Кинотеката оваа година соработувала со сите домашни филсмки фестивали, а учествувала и на меѓународни – како на Фестивалот за реставриран филм во Болоња и во Истанбул, каде беше презентиран опусот на браќата Манаки, дигитализиран и објавен на ДВД.

Покрај проектот за дигитализација на филмското наследство (во кој досега се дигитализирани опусот на Манаки, „Македонија во слики“ на Арсени Јовков и творештвото ан Столе Попов), Кинотеката продолжи и со други два значајни проекта поддржани од Владата на РМ –  интервјуирање и снимање бегалци од егејскиот дел на Македонија и проектот за обнова на Хавзи-пашините конаци во село Бардовци, каде што ќе бидат депоата на Кинотеката.  Рече дека се во фаза пред објавување тендер за проектот за обнова.

Во однос на интервјуирањето лица кои биле бегалци од Граѓанската војна во Грција соопшти дека досега се направени 500 интервјуа и документарни филмови со сведоци од Македонија и од Канада.

Во март 2015 година ќе биде премиерата на документарен филм со интервјуа на бегалци кои живеат во Австралија, а идната година ќе се прават интервјуа и во САД.

За наредната година Ѓоргоска-Илиевска најави и промоција на реставрираниот и дигитализиран филмски опус на режисерот Љубиша Георгиевски, кој е веќе завршен во филмска лабораторија во Унгарија. Во ДВД издание ќе бидат објавени неговите филмови: Под исто небо; Цената на градот; Планината на гневот и Републиката во пламен, кратките играни филмови Не и Патека и документарниот Sic Transit Gloria Mundi / Heraklea.

Во јануари, за време на зимскиот распуст, Кинотеката ќе ја организира веќе традиционалната филмска програма за деца  „Ново кино утро“.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска