Ѓоковиќ одбил 100 илјади долари да загуби меч

Од:

На најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ пред осум години му биле понудени 100 илјади долари да намести еден меч, јави „USA Today“.

Српскиот тенисер наводно ја одбил понудата и како што рече, голем број тенисери не ни помислуваат да се впуштат во такво нешто, но потенцира дека во реално во тенисот постојат и нечесни работи.

– Ми пријдоа непознати лица и ми понудија 100 илјади долари да загубам меч.  Ги одбив со образложение дека не сакам да сум дел од илегални работи. Сепак во реалноста се случуваат и такви нешта. Има многу можности да се дојде до простории, згради, кафулиња, каде тенисерите обично се движат и да се добијат информации за евентуални повреди, дали ќе се игра максимално ангажирано и слично. Треба да се спротивставиме на измамите во тенисот, изјави Ѓоковиќ.

За сега не е познато колку проблемот со наместени мечеви во тенисот е распространет. Од септември 2008 година кога е формирана Единицата за тениски интегритет изречени се 11 суспензии, од кои пет доживотни.

– Не смее да се дозволи на лицата кои се занимаваат со валкани работи да влезат во нашиот спорт кој е чист. Тоа би било голем проблем, истакна првиот човек на АТП Крис Кермонд.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров