Долгот на ПИОМ од 22 милијарди денари ќе го детерминира буџетот на Македонија, не само во 2015-та, туку и во наредните години. А буџетскиот дефицит е резултат на кредитните задолжувања. 15 отсто од луѓето во Македонија живеат со 2,5 долари на ден, а 40 отсто живеат со 5 долари на ден.
Според БДП, Македонија е на претпоследно место во Европа.
Ова според професорот Никола Поповски се резултатите на буџетската политика што ја води владата, кои ги изнесе на вечерашната дебата „2015 низ призмата на Буџетот на Република Македонија“, во организација на Фондација Отворено општество – Македонија.
– Причините за неостварување на прогнозите е непазарнотот поттикнување на економијата. Земјоделството е пренападнато од државните субвенции, градежништвото е нападнато со владините нарачки, индустријата се субенционира преку јавниот долг. Производството на услуги се потпира на јавниот сектор, таму има раст, зашто расте јавниот сектор. Значи расте нивото на обезбедување на јавни добра и услуги, особено во секторот на производство на услуги. Ако ги споиме тие две непазарно поттикнување на материјалниот и на нематеријалниот сектор од страна на владата, ќе добиеме една економија во која буџетот станува централана осовина на развојот на економијата, на непазарен начин. Тоа е економија во која буџетот непазарно го поттикнува растот на економијата. Ако ги сснема една од овие мерки многу брзо ќе се соочиме со земјоделие или градежништво или индустрија која пропаѓа зашто на пазарно не е оспособена да функционира, рече Поповски.
Како ќе се движи невработеноста ќе зависи од активностите на јавнит сектор, кај нас вработеноста е директно соочено со движењата во јавниот сектор, како одат враотувањата во јавниот сектор, на повисоко или на пониско ниво, така и вкупната економија што значи дека јавниот ссектор веќе не може да ја регулира.
-Според статистичките податоци, во вториот квартал годинава, тоа се јули, август и септември, вработените во јавна управа одбрана, социјално осигурување, образование, култура и уметност, тоа се сектори кои се повеќе од 90 проценти јавен сектор, таму вкупниот број на вработени е 94 893, во третиот квартал вработеноста во истиве 5 сектори е 98 074, имаме разлика од 3181, значи за еден квартал вработеноста во овие сектори, а само околу 320 вработени за истиот период во целиот приватен сектор. Нашата економија базира врз враотувањата во јавниот сектор и тоа има огрмоно влјание врз буџетот кој мора да ги субвенционира тие јавни вработувања, рече Поповски.
Најмногу расте дефициот на ПИОМ, кој денеска е стигнат до 22 милијарди денари.
-Ова ќе продолжи да расте. Демографските движења во Македонија се многу неповолни. Ние ќе имаме само 3000 жители ако се одземе бројот на родените од новородените. Како се одлева населението, а се одлеваат младите, не пензионерите и како старее населението, сувенционирањето на ПИОМ ќе продолжи баснословно да расте нагоре. Дефицитот на ПИОМ и без оној другиот економски дефицит ќе ја влече македонската економија во дефицитно буџетно финансирање во годините што следат и тоа на подолг рок. Тоа ќе го детерминира буџетот и во 2015 и во 2016 и во 2017 година, рече Поповски.