Дизјанерите на бразилското студио „Жизел Таранто Аркитетура“ со употреба на богат состав на текстури редизјанираа едно поткровје од 238 метри квадратни во модерен животен простор во тропски амбиент.
Поткровјето е поделено во две оделни зони кои меѓусебно се раздвоени со зелен ѕид во кој се рефлектира базенот. Со ваквиот избор не само што се подобрува севкупниот амбиент, туку се создава и линеарна позадина со ускладен животен простор.
Меѓу зоната за дневен престој и трпезаријата од една и спалните соби од друга страна, се поставени големи кабинети, кои служат како кујна, но и како простор за складирање и голем гардеробер.
Суптилните нежни бои и сложените текстури создваат опуштен, шармантен и модерен амбиент. Севкупниот дизјан создава простор за инспирација и естетски дијалог, што ова тропско поткровје го прави идеално за современо живеење.