Најмалку 20 луѓе загинаа денеска во терористички напад во градот Гомбе во североисточниот дел од Нигерија, изјави претставник на нигериското одделение на Црвениот крст.
Експлозијата се случила на автобуска станица во момент кога на неа имало голем број луѓе.
Засега никој не презеде одговорност, но досега такви акции преземаа екстремисти од исламмистичката група Боко Харам која води војна со властите во тој дел од Нигерија, населена претежно со муслимани.