ВИДЕО: Вработените на ЕМО повторно излегоа на улиците во Охрид

Од:

Вработените во некогашниот охридски гигант, а денес скоро пропадната фирма, АД ЕМО од Охрид денеска повторно излегоа низ улиците на Охрид барајќи ги своите заостанати плати и придонеси. Тие го обвинија директно премиерот Груевски за очајната состојба на фабриката и за проблемот со кој со години се соочуваат.

Револтирани од состојбата во која државата ги оставила тие пред седиштето на Општина Охрид повторија дека токму тие го гласале Груевски и го повикаа да ги види и да види како живеат со своите фамилии.

Јас 35 години имам стаж и немам еден денар. Како ќе ги платам јас моите долгови? Преку триесет неисплатени плати имаме. Како ние да живееме со фамилии и со деца? Нека дојде Груевски овде да не види, ние го гласавме. ЕМО е државна фирма и нека ја видат каде ја доведоа. Одиме по улиците и свириме, а пријателите ни викаат зошто свирите. Па имаме мака што свириме. Утре ќе ме видите на бандера. Полицајците се мои другари и сега ќе ме тепаат мене? Каква држава ќе правиме ние, криминална?! – изјави еден од протестантите, вработени во некогашниот охридски гигант ЕМО.

Претседателот на Синдикатот на ЕМО, Миле Крстаноски потсети на голготијата низ која вработените во АД ЕМО од Охрид со години минуваат. Тој рече дека ветувања има премногу, но нема ништо од тоа до сега. Единствено што бараат е да им се исплатат заостанатите плати и придонеси и да им се реши статусот.

emoprotest-1 (2)

Овие пароли што се истакнати денеска доволно кажуваат за голготијата што ја поминуваат вработените во ЕМО и капитално поврзаните друштва. Не се само тие туку у ред други работници кои отидоа во стечај поради неплатени придонеси. Се обративме до повеќе институции, последно беше разговорот во Скопје со министерот за економија каде што стопанството односно ЕМО припаѓа под тој ресор. Беа посочени сите проблеми, сите оние маки, сите оние негативности кои што менаџерскиот тим во АД ЕМО и капиталнните друштва поврзани со него го прават се со цел да ја разнебитисаат целиот имот на фирмата. Ветувања има доста меѓутоа од тоа, за жал нема ништо до сега. Ние не бараме ништо друго освен да ни се исплатат сите заостанати плати и придонеси и да ни се реши статусот каде ние ќе бидеме утре – рече Крстаноски.

Околу најавите со години за некакво рестартирање на фирмата, Крстаноски потенцираше дека не верува во приказни за мали деца и дека тоа не ги интересирало која фирма ќе инвестирала во фабриката.

Јас во приказни за деца за некакво рестартирање во ЕМО не верувам. Дали ќе се рестартира, можам да повторам дека нас не интересираат заостанатите плати и придонеси. А, дали ќе биде германска фирма, дали австриска, бугарска, српска или грчка, нас тоа не не интересира. Со тоа не ни го решаваат проблемот – заврши Крстаноски.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

МВР уапси странец кој крадел во ресторан во Охрид

Горан Наумовски

Протест во Подгорица против владината најава да ја поддржи Резолуцијата за Сребреница во ОН

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

Орце Костов

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов