Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Од:

Во Нови Сад започна нов протест на кој се бара одговорност за падот на настрешницата од Железничката станица, кога на 1 ноември загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.

Протестот е организиран од младински активистички организации. За време на протестот до 18 часот ќе биде блокиран преминот кај Железничката станица.

Како што пренесува Нова.рс, некои граѓани подигнале знамиња со натпис „Евромајдан Србија“, како и знамиња на Европската Унија. Коментирајќи дека станува збор за провокација, Мила Пајиќ ги замолила да ги спуштат знамињата, по што следело туркање меѓу толпата.

Граѓаните собрани на блокадата се оградија од оние што носеа знамиња на ЕУ и „Евромајдан“.

Како што дознава Индекс, станува збор за група активисти кои редовно се појавуваат на повеќето протести во Србија, а со нив вакви инциденти се случуваат релативно често.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Нови Сад останува на функцијата

А1он

(ВИДЕО) Учесниците на митингот организиран од опозицијата се обидуваат насилно да влезат во Собранието на Нови Сад

Горан Наумовски

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Се знае кој ќе ги замени Горан Весиќ и Томислав Момировиќ на чело на двете министерства

(ВИДЕО) Опозицијата сака да го урне мостот во Нови Сад: Ја урнаа оградата и фрлаа димни бомби