Хакерски напад врз јужнокорејска нуклеарна централа

Од:

Компјутерските системи во јужнокорејска нуклеарна централа биле цел на хакерски напади и притоа се украдени неколку помалку важни податоци, утринава соопшти компанијата „Кореа хидро енд нуклеар пауер“ (КХНП).

КХНП во своето соопштение наведува дека хакерските напади не ги загрозиле нуклеарните инсталации, вклучувајќи ги и 23-те атомски реактори.

Стручњаците, сепак, сметаат дека контролата врз нуклеарните реактори можела да биде загрозена.

-Доколку некој настојува злонамерно да се инфилтрира во системот, ова е демонстрација дека е неможно со сигурност да се тврди дека таквиот обид би бил во целост блокиран, изјави стручњакот за нуклеарни реактори, Сух Куне-јул, од Националниот универзитет во Сеул.

Министерството за енергетика соопшти, меѓутоа, соопшти дека е уверено дека нуклеарните централи можат да го блокираат секој упад на хакерите што може да ја загрози безбедноста на реакторите.

Веста за хакирањето на податоците од нуклеарката пристигна во момент кога САД ја обвинија Северна Кореја за хакерскиот напад врз компанијата „Сони пикчерс“, потсетуваат британските медиуми.

Компанијата „Сони“ стана цел на хакерски напади заради својот филм „Интервју“, што зборува за измислен атентат врз лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.

Амеиканското Федерално истражно биро (ФБИ) поведе истрага за хакерскиот напад врз компанијата „Сони“ за кој се сомнева дека е изведен од Северна Кореја.

Оваа земја го отфрли обвинувањето за вмешаност во сајбер активностите против „Сони“.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски