Раул Кастро: Куба нема да го смени својот комунистички систем

Од:

Кубанскиот претседател Раул Кастро порача дека Куба нема да го смени својот комунистички систем и покрај обновата на дипломатските односи со САД.

Во говор во Хавана, пред пратениците на кубанскиот Парламент, Кастро рече дека на Куба и претстои долга и тешка битка, пред да може да се каже дека односите меѓу двете земји се целосно средени, пред САД да го укинат трговското ембарго.

Раул Кастро и една делегација на Куба, првпат по подолго време,ќе учествуваат на еден самит на Организацијата на американските држави (ОАД). Самитот се одржува во Панама, во април идната година и на него се предвидува дека би можело да дојде до прва средба на еден кубански и американски претседател, после многу децении целосен прекин во односите.

Во средата, во Хавана и во Вашингтон, претседателоте Кастро и Барак Обама, објавија дека е постигната согласност за обнова на врските меѓу двете соседни земји. Обама притоа изјави дека се отвара „ново поглавје“ како и дека досегашниот долг прекин во односите бил „застарен и неефикасен“.

Спогодбата меѓу Хавана и Вашингтон беше поддржана со ослободувањето на тројцата преостанатаи кубански шпиони од „кубанската петорка“ која во 2001 година беше осудена на долги затворски казни во Флорида. Кубанците ослободија 53 дисиденти и политички затвореници, како и Ален Грос кој работеше на Куба за УСАИД, а кубанските власти во 2009 година го уапсија и осудија како американски шпион.

Властите во Куба, не споменуваат дека меѓу дисидентите ,е ослободен и еден американски разузнавач кој 20 години работел за САД, пред да биде уапсен во 1995 година. Претседателот Обама го означи како „исклучително важен за СА“, како и дека вредела размената што е направена за тројцата кубански шпиони.

Неговиот идентитет кој требаше да остане тајна „подолго време“ вчера беше откриен од еден поранешен разузнавач на ЦИА кој за Кубанецот рече дека им ги откивал на Американците шифрите за комуникација на кубанските разузнавачи.Тој помогнал и за откривањето и фаќањето на кубанската шпионска петорка.

Во излагањето на Раул Кастро, нема знаци на еуфорија, а ниту обновата на односите се прикажува како победа на кубанската револуција, иако годината што изминува се прикажува како успешна за Куба. Тој ја пофали „храброста“ на Обама да започне нов процес со Куба, но не крие дека САД се уште не ги исполнуваат главните кубански барања, за укинување на блокадата.

Трговската блокада треа 54 години и според тврдењето на Куба ,оваа карибска земја ја чини 1,1 билиони долари. Во САД се верува дека поради блокадата Американците загубиле 1,2 милијарди долари.За сите овие години се променија 11 американски претседатели и тројца кубански.

Куба засега успеа да обезеди само мали олеснување на блокадата, но за целосно укинување е потребна одлука на Конгресот на САД. Кастро сепак, прифати спогодба со Вашингтон и ослободување на американскиот „супер шпион“ без да се исполни главното барање, притиснат од економските состојби во земјата.

Со години на ред, Куба од Венецуела секој ден добива по 80 илјади барели нафта. Таквиот договор уште на Фидел Кастро со покојниот Хуго Чавез и помагаше на Куба да одржува каков-таков стабилен економски курс, но кризата во која подолго време се наоѓа Венецуела, а посебно сега со падот на цената на суровата нафта, го прават неизвесен договорот меѓу Хавана и Каракас. Раул Кастро знае дека кубанската власт не ќе може да издржи уште една голема криза на Куба, па затоа и се согласи за спогодба со големиот и економски моќен сосед.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД