Лидерот на ЛСВ, Ненад Чанак, раскажа како го претепал Павле Лешановиќ и кажа дека е подготвен за затвор.
Чанак кажа дека добил порака од својата роднина дека и е потребен, и дека треба да дојде во кафаната на Данило Икодиновиќ. Таму ја затекнал на маса заедно со другарка, газдата Икодиновиќ и пијаниот Лешановиќ. Павле Лешановиќ бил безобразен, го откопчувал шлицот, ги соблекувал пантолоните и „пуштал раце“ по роднината на Чанак.
Дача Икодиновиќ нарачал музика во надеж дека ќе се смири напнатата атмосфера, но Лешановиќ продолжил со провокациите.
„Со чаша вино го испрска музичарот што беше до мене и му викна „што му пееш на таа свиња, дојди кај мене“ – кажа Чанак и додаде дека тогаш му се „стемнило“.
После ова ја однел роднината дома и се вратил по Лешановиќ.
„Кога се вратив, тој излегуваше. Со моето возило го блокирав неговото БМВ и го извлеков надвор од него. Го соборив на земја и почнав во афект да го мавам. Го удирав заради солзите на мојата роднина. Дојдоа некои луѓе и не разделија“ рече Ненад Чанак.
Тој вели дека не се кае и дека пак би го претепал Лешановиќ ако се повтори истата ситуација.
„Јас не сум член на некоја група Алкатраз па да не одговарам за тепањето. Нека ме повика полицијата. Подготвен сум. Чекам затвор“ изјави Чанак.