Крејтон: Владата да продолжи со одличниот процес на реформи особено во слободата на медиуми

Од:

Поддршка од Ирска за Македонија, пренесена од министерот за европски работи Лусинда Крејтон.

„Ирска е пријател на Македонија и силно ги поддржува препораките на Европската комисија за отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, рече Лусинда Крејтон, министер за европски работи на Ирска по денешната средба во Скопје со вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи.

Ирска е новиот претседавач со ЕУ.

Крејтон го поздрави Пристапниот дијалог на високо ниво како конструктивна форма на ангажираност меѓу Европската комисија и Македонија и посочи оти очекува тој да продолжи на конструктивен начин како што и досега беше случај.

Во однос на спорот за името таа беше јасна, Ирска смета оти не треба да се меша во билатералните работи меѓу Грција и Македонија, но очекува спорот да се реши што е можно поскоро.

„Ја охрабруваме Владата да продолжи со одличниот процес на реформи особено во слободата на медиуми, изборното законодавство и финансирањето на политичките партии. Ја нагласуваме важноста од инклузивност, помирување, слободата на медиуми и добрососедските односи што исто така е приоритет на вашата Влада, а тука секако е и имплементацијата на Охридскиот договор“, рече Крејтон.

Вицепремиерот Арифи истакна дека очекува поддршката за овој процес да продолжи од сите земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Ирска како наш пријател.

Арифи рече оти спорот за името не бил дел од разговорите во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво кој, вели, бил претежно фокусиран на прашања што се однесуваат на политичките и економските критериуми за членство во ЕУ.

„ Секако дека продолжуваме и ќе продолжиме да бидеме отворени и конструктивни во однос на прашањето и да даваме уште поголем придонес во градење на добрососедските односи со сите земји од соседството и регионот. Очекуваме апсолутно овој партнерски однос на земјите-членки од ЕУ да продолжи како поддршка што ја заслужуваме како граѓани на Република Македонија“, рече Арифи.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он