Во Тајланд дозволена продажба на алкохол за Нова година

Од:

И покрај тоа што неколку тајлански национални комисии побараа забрана за продажба на алкохол за време на новогодишните празници и локалниот национален празник Сонгкран, властите објавија дека, барем за сега, нема да ја ограничуваат продажбата.

Поборниците на предлогот за забрана како главен аргумент ги наведоа податоците според кои лани во овие празнувања во Тајланд имало 367 загинати и 3.300 ранети во сообраќајни несреќи, најчесто предизвикани од алкохолизирани возачи.

Одлуката за слободна продажба ја потврди актуелниот министер за здравство Раџата Раџантавин, кој изјави дека Владата мора да го почитува мислењето на поголемиот дел Тајланѓани, кои се против забраната. Тој негираше дека одлуката е поврзана со неодамнешната изјава на сегашниот преоден премиер, водачот на државниот удар од 22 мај, генералот Прајут Кан-ока, кој рече дека нема никакви забелешки за тоа алкохолот да се продава за време на празниците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач