Македонските кошаркарски надежи поразени и од Б селекцијата на Романија

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 16 години, го претрпе и четвртиот пораз на Балканскиот куп.

На турнирот што се одржува во Букурешт, избраниците на селекторот Митко Костовски, уште еднаш се убедливо поразени, овојпат од втората селекција на домаќинот Романија со 24 поени разлика 83:59.

Откако на полувремето губеа со девет разлика во третата, четвртинаМакедонците постигнаа само осум, а противникот 27 поени, по што беше јасно дека ќе следува нов пораз.

Во нашата селекција најефикасен беше Стефан Кукуновски со 11 поени, додека Мартин Веселиновски постигна девет.

Ова беше натпревар за разигурвање за пласман.

На Македонија и останува да го одигра уште утрешниот дуел на кој ќе се обиде да дојде до првата победа и да го избеге последното место.

Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде поразената репрезентација од дуелот Турција – Полска.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос