Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала беше регистриран денеска југоисточно од грчкиот град Лариса и на 179 километри северно од Атина.
Според Сеизмолошкиот институт во Атина епицентарот на земјотресот бил во регионот на градот Фарсала.
Нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.