Норвешки рецепт за благосостојба

Од:

Тоа што Норвешка е толку богата и не е нешто непознато. Оваа земја е петта во светот по извоз на нафта, на што годишно заработува дури 40 милијарди долари.

Но, на тоа треба да се придружи и динамичната, моќна економија која обезбедува просперитет на целото општество. Меѓутоа, во сите истражувања за висината на платите, Норвешка зазема едно од водечките места во светот по изедначеноста на висината на платите на нејзините граѓани.

Меѓу другото, тоа е и она што Норвешка ја издвојува од останатите држави кои извезуваат нафта, било да се работи за земјите на поранешниот Советски Сојуз или Блискиот исток. Во нив токму нафтата е извор за најголемите заработки кои на владејачките елити им обезбедуваат ненормално богатство, додека останатото население зависи од социјална милостина која им ја намениле лидерите, или од трошките кои успеваат да ги соберат од паднатите економии.

Експертите не можат да кажат уште колку долго Норвешка ќе располага со своите скапоцени енергетски ресурси, со оглед на тоа дека некои од нив забележуваат извесно намалување во капацитетите на наоѓалиштата од 2000 година, без оглед на тоа што се откриени некои нови бушотини во 2011 година. Некои од нив сметаат дека нафта ќе има уште 50 години, а гас најмалку барем уште еден век, додека други оценуваат дека тие резерви се дупло помалку. Без оглед на овие различни проценки и едните и другите истакнуваат дека норвешките политичари се одговорни, интелигенти и дисциплинирани, бидејќи целосно им е јасно дека во еден момент конечно ќе пресуши овој извор на богатство.

Како воопшто Норвешка управува со своето енергетско богатство, може да биде поучна лекција и за другите земји кои располагаат со такви ресурси. А, тоа најлесно се учи ако се скокне северно од Осло до пристаништето Ставангер, во Северното Море, престолнина на нафтената индустрија на оваа земја.

Холандска болест

Додека не беше откриена нафтата во 1969 година, Ставангер било рибарско пристаниште чии најдобри денови се поврзуваат со бумот во ловот на харинги, кој ненадејно завршил во дамнешната 1870 година. Неочекуваниот колапс на риболовот го оставил овој град, но и самата Норвешка со целосно бескорисна флота на дрвени едреници и руинирано земјоделство кое било далеку зад соседите, кои на големо ги користеле благодетите на забрзаната индустријализација во таа област. Меѓутоа, нафтата промени се.

– Животниот стандард во Норвешка во 1960 година бил за 30 до 40 проценти понизок од шведскиот и данскиот – вели Бруно Герард, од Деловното училиште во Осло. – Моментално, нашиот стандард е суштински повисок од овие две земји.

Знаци на напредок се видливи на секаде околу Ставангер кој од град од 90.000 луѓе од 60-тите прерасна во регионален центар со над 200.000 жители.

Во пристаништето во Ставангер лежат усидрени џиновски бродови изработени во бродоградилиштето за потребите на нафтените платформи, во градот има 10.000 студенти, изградена е нова концертна сала и неколку музеи, додека во непосредна близина се протега огромна стаклена градина во која на вештачка светлина, во текот на долгите, темни зими, зрее свеж домат.

Слични призори можат да се видат долж целиот западен брег на Норвешка, каде има 70 нафтени платформи.

Иако нафтената индустрија претвори 5 милиони Норвежани во богаташи, тоа не беше пат без предизвици. Многу други држави искусија на своја кожа како нафтата може да направи целосен хаос во нивните економии, зацврстувајќи го овој богат извозен сектор додека целосно се рушеа останатите експортни гранки, така овој феномен доби и свое име – холандска болест, пред се поради тоан што драстично го уназади успешниот индустриски сектор во таа земја по откривањето на богатите наоѓалишта на природен гас во Северно море, од кое не беше поштедена во еден момент ни самата Норвешка.

Страв од нафтено цунами

Но, потоа, штетата која ја претрпеа Норвежаните, остави страв од цунами на нафтените приходи длабоко во нивните срца. Поради тоа Норвешка одлучи да го направи тоа што Ирак или другите извозници на нафта никогаш и не помислиле да го направат: утврди лимит на приходите од нафтата кои можат да се вложуваат во економијата.

И понатаму останува клучно прашањето – како Норвежаните се толку успешни во своето управување со нафтеното богатство? Неко одговори сигурно лежат во историјата на Норвежаните како мала нација со силна традиција на еднаквост која допира се до викиншките времиња кога групи слободни луѓе се поврзале под водство на харизматичен лидер, за сите заедно полесно да излезат на крај со партнерите во поморската трговија и со самото тоа, да го поделат профитот. За добрите познавачи на тамошните прилики, таа взаемна доверба која се развивала со години, но и одговорните политички лидери, довеле до тоа Норвешка да стане една од најпосакуваните држави за живот, но и што е најважно, да го избегне нафтеното проклетство кое не поштеди многу држави, кои имаата можност да имаат повеќе од другите.

На самиот почеток, Владата на таа земја одлучи целиот профит кој го создаваа државните компании од нафтата да го инвестира во истражување на нови извори, но и тука неочекувано се појави крајно необичен проблем: во 1995 година профитот бил многу поголем од она што можело да се апсорбира со инвестициите, така Норвешка била принудена да направи посебен државен фонд за да го чува профитот од нафтата далеку од влијанието на економијата на земјата, прогласувајќи го за имот на идните генерации на Норвешка.

Потоа, Владата со посебна одлука забрани за себе да користи над 4 проценти од тие пари за инвестиции во постоечката инфраструктура или други јавни проекти и целиот профит го инвестираше во дејности во други држави, одделувајќи од себе голем профит од нафтата.

Часовник кој брои милиони

Едно од обележјата на пристаништето на Ставангер е ниска модерна зграда со купола од едната страна, која ако малку се загледате, потсетува на нафтена платформа. Зградата е изградена како Норвешки музеј на нафтата во кој може да се види како се развивала оваа индустрија, за граѓаните да го сватат значењето на овој извозен ресурс.

Секоја година од 10.000 до 12.000 студенти го посетуваат овој музеј во кој се наоѓа еден од највпечатливите експонати – огромен дигитален бројач на кој со огромна брзина се менуваат бројките покажувајќи колку пари од нафтата се слеале во Норвешкиот државен фонд од 1995 година. Часовникот моментално покажува бројка од 890 милијарди долари, така секој граѓанин на Норвешка располага со огромна заштеда.

Официјално, само мал дел од ова богатство се издвојува за државни пензии, неговата основна цел е да обезбеди норвешката економија да не стане зависна од нафтата и така да ја зачува нејзината сила и живост во момент кога ќе пресушат нафтените извори.

До сега, таа замисла беспрекорно функционира.

Радио Слободна Европа – Прага

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани