Заврши првата фаза во кошаркарската Евролига, по која се познати тимовите кои ќе продолжат во Топ 16 фазата. Македонската кошарка во елитното натпреарување ќе има еден свој преставник, тоа е Војдан Стојановски играчот на берлинска Алба.
Алба во Топ 16 фазата ќе се натпреварува во Е групата заедно со шпанските великани Реал и Барселона, актуелниот европски првак Макаби, односно Панатинаикос, Жалгирис, Галатасарај и Црвена звезда.
Во Ф групата ќе партициираат ЦСКА Москва, Олимпијакос, Анадолу Ефес, Армани Милано, Уникаха, Фенербахче, Лаборал Куча и Нижњи Новгород.
Натпреварите во Топ 16 фазата ќе се играат од 30.декември 2014 до 10.април 2015 година.