„Мини куќите“ е движење кое во последните неколку години го одушеви светот.
Цели заедници градат населби со мини домови, а се поголем број на луѓе големите домови ги заменуваат со еко и мини куќи.
Малиот вагон од 15 метри квадратни се наоѓа во Канадска Шума.
Куќата е изградена во 2000 година од рециклирани материјали, вклучително и тркалезниот прозорец кој е направен од дрвен стол од 70-тите години од минатиот век.
Изградбата на куќата чинеше 6.400 евра, а вагонот е мобилен и може да се дислоцира со камион или трактор.