Турци уапсени за шпионажа во Германија

Од:

Канцеларијата на федералното јавно обвинителство во градот Карлсруе потврди дека тројца турски државјани се приведени и дека против нив ќе бидат покренати кривични пријави за шпионажа.

Двајца од осомничените биле уапсени на аеродромот во Франфурт, а третиот бил уапсен во неговиот дом во западната покраина Северна Рајна Вестфалија.

Според информацијата објавена на веб страницата на федералното обвинителство тројцата уапсени се: Мухамед Таха (58), Гоксел Г. (33) и Ахмед Дуран (58).

Според обвинистелството Мухамед Таха се сомничи дека го координирал активностите на другите двајца уапсени кои што шпионирале други турскидржавјани и дека во Германија работеле за Турските разузнавачки служби.

Според германските медиуми сите тројца вчера биле изведени пред судија кој што им одредил притвор во очекување на кривични пријави.

Турците чинат 25 % од вкупниот број на странци кои што живеат и работат во Германија и според проценките над 1,5 милиони од вкупно 6,2 странци во земјата се турски државјани. Од август оваа година тие за прв пат добија можност да гласаат на претседателските избори во матичната земја по што беа отворени гласачки места во голем број германски градови пренесува Дојче Веле.

Иако тројцата уапсени не се поврзани со активности на религиозни или радикални организации апсењето на тројцата Турци би можело да влијае на зголемуввање на бројот на антиисламските демонстранти кои секој понеделник се организираат во Дрезден и други германски градови.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски