Исламистите од групата Боко Харам убија 32 лица, а 185 киднапираа во напад врз село во североисточна Нигерија, соопштија денеска локалните власти.
Претставници на власта изјавија дека нападот се случил во недела во селото Гумсури. Исламистите на камион качиле 185 жители на селото Гумсури и ги одвеле во шумата Самбиза.
Друг претставник на милицијата киднапирани се 191 жени и деца.
Според очевидеци припадниците на Боко Харам најпрво ги убиле младите мажи, а потоа ги киднапирале жените и женските деца.
Заинцидентот се дозна дури денеска бидејќи во пошироката област била прекината мрежата на мобилната телефонија.
Гамсури се наоѓа на патот за Чибок, каде припадниците на Боко Харам во април киднапирале повеќе од 200 девојчиња од училиште.