Фени Индустри уште еднаш поуспешен од шампионот

Од:

Екипата на Фени Индустри по втор пат го победи шампионот МЗТ Скопје Аеродром, нанесувајќи му го вечерва третиот сезонски пораз.

Во натпревар од 10.коло на Првата лига одигран во Кавадарци, Фени до победата од 90:79 дојде со подобра игра во второто полувреме, откако првото по изедначена и ефикасна игра заврши со 51:49 за кавадарчани.

Најпрецизен во победничката екипа беше Адам Кемп со 18 поени и 9 скокови, 17 поени дополни Караџовски, додека Амонс беше стрелец на 16 поени со 3 скокови, 3 асистенции и 2 украдени топки. Дабл-дабл учинок оствари Горан Гајовиќ со 14 поени и 10 скокови.

Кај МЗТ Скопје, нова брилијантна партија одигра Александар Цветковиќ со 18 поени, 10 асистенции и 5 скокови, а најпрецизен беше Сеад Шеховиќ со 20 поени и 5 скокови.

По овој натпревар, Фени Индустри и МЗТ Скопје Аеродром се изедначија според учинокот на врвот на табелата со по 6 победи и 3 порази досега, исто колку што има и Куманово по 9 кола.

Работнички има бод помалку, но и натпревар помалку, а следуваат Соколи и Кожув кои во меѓусебен дуел в петок ќе ја затворат календарската 2014 година.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос