Властите во Куба и САД се договорија околу ослободувањето на затворениот Американец Алан Грос, кој веќе пет години се наоѓаше во еден кубански затвор, соопштено е во Вашингтон.
Грос (65) беше обвинет и осуден затоа што затоа што им помагал на Кубанците „илегално да се прикачат“ на интернет за да бидат надвор од контролата на мрежата.
Американскиот осуденик веќе ја напуштил територјата на Куба со еден специјален владин авион, испратен од САД во Хавана.
Еден американски дипломат чиј идентитет не се открива, изјавил дека Грос е ослободен врз „хуманитарна основа“.
Двете соседни земји немаат ниаккви дипломатски односи веќе педесетина години, иако меѓу Хавана и Мајами, во Флорида има само 150 километри. За 18 часот по македонско време најавено е важно соопштение од американскиот претседател Барак Обама и кубанскиот претстадател Раул Кастро за меѓусебните односи.
Апсењето на Ален ГРос пред пет години ги поткопа надежите дека би можело да дојде до обнова на дипломатските врски меѓу овој комунистички остров и САД, по повлекувањето на долгогодишниот кубански лидер Фидел Кастро.
Но, по се изгледа се затоплуваат нивните меѓусебни односи, за што говори и фактот дека Куба ослободи и уште еден извор на американското разузнавање.
Од своја страна, САД ослободија тројца агенти од кубанските разузнавачки служби.