Велес за новогодишно украсување потроши еден милион денари

Од:

Во Велес заврши новогодишно украсување на улиците, парковите и сообраќајниците со новогодишни светлечки реквизити и разновидни украси, како и големи вештачки и светлечки елки на зелените површини во градот.

Како што информира Мартин Мајсторов портпарол на Општина Велес, Општина Велес од буџетската каса од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година издвоила еден милион денари за новогодишно украсување на градот.

– Дел од новогодишните украси се од изминатите години, а дел купивме и нови, се’ со цел што повеќе да го разубивиме градот и направиме пријатна атмосфера за граѓаните за Новогодишните и Божикни празнииц,потенцира Мајсторов.

Освен централното украсување на Младинскиот парк лоциран до новата театарска зграда во Велес, оваа година со новогодишни украси и разновидни светлечки реквизити, Општина Велес ги украси и новиот парк кај ООУ „Васил Главинов“, а како и лани новогодишно го украси и Паркот на пријателството со градот Каршијака од Р.Турција.

Инаку, нови светлечки реквизити и украси добија и нови локации во новиот дел од Велес.

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Изгоре автомобил на паркинг во Велес