Новогодишна журка во Центар со Ван Гог, С.А.Р.С., Игор Џамбазов, Тамара, Ареа и ДНК

Од:

Општина Центар и годинава организира дочек и организира програма за Нова Година.

Овој пат, поради намалување на трошоците, но со уште поатратктивна програма, ќе има две вечери на манифестацијата „Град во Градот“.

Со култната рок група Ван Гог, центарци, скопјани, но и сите гости ќе ја дочекаат новата 2015-та година на скверот Јадран.

plakatGradVoGradot

Овие две вечери ќе настапат и Игор Џамбазов, Тамара, ДНК, С.А.Р.С. и Ареа.

На 30-ти декември ќе има посебна новогодишна детска програма.

Анкетата која што ја направи општина Центар покажа дека најпосакувана група за дочекот била Ван Гог.

Игор Џамбазов, кој настапи и минатата година , се надева и оваа година на голема посетеност.

„Со ваков рокенрол избор не можат да се пофалат многу градови, ниту манифестации на балканот. Успехот да се донесат С.А.Р.С. и Ван Гог, се должи на добри менаџерски способности“, рече Џамбазов.

Градоначалникот Жерновски очекува и годинава, по минатогодишниот успех, скверот Јадран да биде преполн.

„За украсувања годинава општина Центар потроши 2.400.000 денари, а 2.600.000 денари за организирање на манифестацијата Град во Градот. Вкупниот износ на сумата е помал од оној кој што општина Центар со претходното раководство го давале само за украсување“, изјави Жерновски.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски