Во израелскиот град Тел Авив се наоѓа стан од 80 метри кавадратни кој е одличен пример како комбинирањето на црвената и белата боја може да создаде не само модерен, туку и хармоничен животен простор.
Белата боја со својата неутралност може да се комбинира со речиси сите бои и таквите комбинации изгледаат помодерни во споредба со „спојувањето“ на јаките бои со бледи нијанси. Белата остава впечаток дека просторот е поголем и овозможува да дојдат до целосен израз елементите во другата боја.
Благодарение на ова, црвено-белиот стан во Тел Авив изгледа многу поголем отколку што реално е. Собите се одвоени со стаклени ѕидови и хармоника врати, што дополнително придонесува за впечатокот на просторноста на апартманот.
Црвената боја доминира на мебелот во просторот за дневен престој, на елементите во кујната и на крветот во спалната соба, како и на помали додатоци ширум целиот стан.
Дополнителен простот во апартманот е обезбеде и со поставување на вградени слим плакари.