Земјотрес од 6,4 степени доцна синоќа ги погоди островите во западна Алјаска. Досега нема информации за жртви, ниту пак направена материјална штета во островите кои се слабо населени.
Јачината на земјотресот првично се проценуваше на 6. 9 степени.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 115 километри југозападно од Адак, на длабочина од 40 километри.
Центарот за предупредување во Пацификот објави дека не постои опасност од Цунами.