Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена оперската претстава „Така прават сите“ од Волфганг Амадеус Моцарт, во режија на Цветан Стојановски.
Во главните улоги ќе настапат Билјана Јосифов, Николина Јаневска, Билјана Трајковска, Живе Кремшовски, Јане Дунимаглоски и Владимир Саздовски.
Диригент е Саша Николовски – Ѓумар, а сценограф Зоран Николовски. Изборот на костимите го направи Марта Трендафилова.