Станот е совршен пример како добро да се обликува и декорира малиот животен простор.
Станот е удобен, светол и весел. Нема многу ѕидови, што е единствен начин малиот простор да биде пропростран. Се е обоено во бело, уште еден начин визуелно да се зголеми просторот.
Сивата боја ја има низ целиот стан, но во секоја просторија е комбинирана со други бои. Кујната е сиво-зелена, а во дневната има сива софа, додека во бањата сивата е комбинирана со виолетова.
Спалната соба е одвоена од кујната со голем панел од винил. Тоа овозможува светлото да продре во ентериерот на станот без да се изгуби приватноста. Спалната соба има голем гардеробер, брачен кревет и неколку полици.
Бањата има стаклен туш, стаклени полици и машина за перење алишта со многу мали димензии.