Митрески: Законот за хонорари ќе ја намали невработеноста

Од:

Првиот човек на ССМ, Живко Митрески смета дека законот со кој хонорарците од свој џеб ќе плаќаат здравствено и пензиско на државата е добар и е во нивна полза.

Според него на овој начин ќе се сузбиела нелојалната конкуренција а трудот ќе се вреднувал вистински.

Како ССМ го поддржувале законот кој не важи за пратеници, поротници, именувани функционери кои државата ги ослободи од оваа давачка, а како обврска им ја наметна на сите „обични“ граѓани.

„Ставот на ССМ е јасен и беше кажан пред еден месец. За нас како синдикат значајно е овие работници да бидат внесени во системот на социјални осигуреници – за секој труд да биде евалуиран и да биде платен и со пензиско и со здравствотено осигурување. Со донесувањето на овој закон ќе се елиминира големата нелојална конкуренција и ќе се елминира еден голем дел на работници кои работеа во сива економија и не можеа да бидат заштитени. Според анализите голем дел од вработените во приватниот сектор работат а и се вработени со минимална плата, кај останатите беа правени злоупотреби односно еден дел беа ставени како хонорарци и беа елиминирани од сите работнички права“, изјави Живко Митрески.

Но експертите за оваа проблематика мислат различно од претседателот на ССМ Митрески.

Според нив законот е против уставен со самиот факт што не важи за сите, односно од давачки се ослободени оние лица за кои пензиското и здравствено треба да ги плати државата, зашто таа ги ангажирала.

Бизнисмените и економските аналитичари предупредуваа и на злоупотребата на овој закон кој отвора можност за малверзации.

Редовно вработени многу лесно со измените предложени од владата можат да станат хонорарци. Ќе им се плаќа здравствено и пензиско но ќе им биде трансформиран работниот однос и како хонорарци не ги уживаат правата на редовно вработени-годишен одмор, боледување, К-15.

Една од нејасанотиите на овој закон е одлуката доколку хонорарец плаќа здравствено и пензиско, агенцијата за вработување го брише од листата на невработени-без заснован работен однос.

Познавачите коментираат дека одлуката на владата е фиктивно да се намали невработеноста и е уште една статистича операција од типот активни и пасивни баратели на работа.

Бизнис секторот предупреди дека нема пари за дополнителни давачки за оние кои се ангажирани по договор на дело. Една од можните сценарија е исплатата на минималец од 9.500 денари кој не подложи на давачки-индиректно уривање на вредноста на трудот.

Владата неколкупати повтори дека законот од 1-ви догодина ќе стапи на сила.

На 22-ри декември најавени се протести против овој закон.

Би можело да ве интересира

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Трендафилов: Аргументите за пораст на платите се на наша страна, очекуваме сериозно да се разгледуваат на ЕСС

ССМ: Укината е срамната ревизија донесена од тројцата судии

Горан Наумовски

ССМ очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка

Горан Наумовски

ССМ: Борбата за раст на платите не е политичка