Штајнмаер: Германија сака пред Божик да има нови мировни преговори за Украина

Од:

Пред почетокот на божикните и новогодишните празници треба да се оддржат нови мировни преговори за Украина, изјави денеска германскиот шеф на дипломатијата Франк-Валтер Штајнмаер, цитиран од ДПА.

Дипломатските напори од минатата недела за обновување на преговорите не дадоа резултат, а Украина и проруските сепаратисти взаемно се обвинуваат за неуспехот за договорот за нов круг разговори.

Преговорите од септември доведоа до примирје, кое, меѓутоа, во некои региони до минатата недела практично воопшто не се земаше за сериозно. Денеска тоа се почитува, забележува ДПА.

– Во последните 24 часа нема убиени војници и нема податоци за ранети, соопшти Советот за безбедност во Киев.

Украина треба да учествува на средбата на министрите за надворешни работи од Европската унија во Брисел, а високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини се очекува на средбата да разговара со украинскиот премиер Арсениј Јацењук.

Германија и Франција, исто така, го повикаа Киев да спроведе економски и социјални реформи.

Во синоќешниот заеднички телефонски разговор меѓу украинскиот претседател Петро Порошенко, германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот шеф на државата Франсоа Оланд, беше подвлечено дека без реформи нема да има меѓународна помош, соопшти денеска германската Влада.

ЕУ го формулира третиот пакет со помош за Украина, во кој се веќе ветените 1,61 милијарда евра, но за него сака да види напредок во однос на економските и социјални ангажмани на Киев, посочува ДПА.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија