Норвешката полиција анализира шпионска опрема пронајдена во центарот на Осло.
Полицијата ги предупредила локалните политичари дека е можно телефонските разговори да им биле прислушкувани бидејќи во центарот на главниот град се откриени прислушни апарати.
Соопштението е дадено откако норвешки медиуми објавија дека незаконски прислушни направи се откриени во нелегални станици на мобилни оператори.
Според Афтенпостен, откриена е апаратура со која може да се прислушкуваат разговори и да се следат луѓе. Еден од апаратите е толку сложемн и скап што најверојатно е поставен од држава, наведува весникот.