И годинава лизгалиште во Охрид, сега преку оглас

Од:

И оваа година на градскиот плоштад во Охрид за време на новогодишните и божиќните празници со цел збогатување на програмата со рекреативни и забавни содржини, ќе се поставува лизгалиште на мраз. За разлика од минатата година, оваа година Општина Охрид распиша оглас преку кој Општина Охрид издава јавна површина за поставување на лизгалиште.

Минатата година Локалната самоуправа во Охрид не водеше ваква иста постапка преку која би побарала најповолен понудувач, а лизгалиштето беше претставено како презентација на лизгачки спортови иако за тоа се наплаќаше и се издаваше фискална сметка од приватен сопственик.

Според огласот, почетната цена за издавање на локацијата е 75.000 денари, а во таа цена не се содржани комуналната такса, одржување на хигиена и приклучок и потрошувачка на електрична енергија. Лизгалиштето треба да биде сместено на градскиот плоштад во период од 30 дена.

Пред точно една година, поставувањето на вакво исто лизгалиште беше причина за жестока расправа меѓу власта и опозицијата во Охрид. Покрај прескокнувањето на постапката со објавување на јавен оглас, власта доби критики и за местоположбата на лизгалиштето односно околу споменикот на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски. Во целата таа дискусија, деновиве се очекува и пресуда од судски спот меѓу секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески и советникот на ЛДП Дејан Блажески во која Спасески го тужи Блажески за наводна клевета.

Дали минатата година Општина Охрид требаше да распише јавен оглас со која ќе побараше најповолен понудувач, како што го направи тоа годинава? Дали беше прескокната законската постапка и дали минатата година беа прекршени законските регулативи? Доколку не беше потребно минатата година, зошто оваа година Локалната самоуправа преки јавен оглас бара најповолен понудувач?

Би можело да ве интересира

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид