Во судири меѓу полицајци и демонстранти кои организираа концерт во знак на солидарност со 43 исчезнати студенти во мексиканската држава Гереро, повредени се најмалку 21 лице и опожарени се неколку автомобили.
Полициски претставник изјави дека во судирите повредени се осум полицајци од кои петмина биле прегазени од автомобил. Меѓу повредените се студенти, наставници, родители на исчезнати студенти и двајца новинари.
Полицијата и демонстрантите упатија меѓусебни обвинувања за судирите во градот Чилпансинго, престолнина на Гереро.
Случајот со 43 студенти кои исчезнаа во септември, а претпоставки се дека се убиени откако на нарко-картели ги испорачале локални официјални лица, предизвика протести ширум Мексико.