Јотовски со еден поен повеќе остана на 550 место

Од:

Најдобро рангираниот македонски тенисер Томислав Јотовски остана на 550 место на АТП листата, но во однос на последната листа сега има еден поен повеќе (58) што значи дека го задржа својот најдобар ранг во кариерата.

Другите македонски тенисери имаат мали поместувања, но без промена на освоените поени.

Димитар Грабул има пад од 4 места и се наоѓа на 636 место (42 поена), Шендрит Деари е 1.281 место – 5 поени, Бесир Дургути и Стефан Мицов се на 1.302 место истотака со 5 поени.

Јотовски и во конкуренција на двојки има најдобар ранг и се наоѓа на 705 место.

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа го подобри својот ранг и сега се наоѓа на 407. место на ВТА листа со скок од 23 места и со 77 поени, додека во игра на двојки е на 371.место со 122 поена.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров