Планот на Ештон: Николиќ и Дачиќ ќе мора да седнат на маса со Тачи

Од:

Планот на Брисел е што е можно побргу, а најдоцна до крајот на годинава на преговарачка маса во Брисел да седнат високиот претставник на ЕУ, Кетрин Ештон и претседателите и премиерите на Србија и на Косово и да почнат политички преговори за нормализација на односите на двете држави во постоечките граници.

Претседателот Томислав Николиќ вчера на генералното собрание на ОН побара да се организираат директни преговори на Белград и Приштина и со тоа го направи првиот чекор.

Документот што го состави Ештон како предлог за политички преговори треба да биде претставен како Ештон –Клинтон предлог. Меѓутоа , целиот документ е напишан од

Европскиот дипломат Штефан Лане, а Клинтон во меѓувреме не нашла јака политичка основа да го стави својот потпис на него.

Еден од поголемите проблеми во подготовката на идниот политички дијалог ќе биде составот на учесниците .

Спроти Николиќ и Дачиќ треба да седне премиерот на Косово, Хашим Тачи од чиј кабинет веќе најавија дека е подготвен да се ракува со српскиот претседател.

Николиќ децидно никогаш не ја отфрли можноста да разговара со Тачи, а Дачиќ веќе се изјасни дека тоа не доаѓа во предвид.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски