Македонскиот шампион Металург е поразен од фаворизираниот Вестпрем во дуел од регионалната ракометна СЕХА лига.
На натпреварот од 12.коло, одигран вечерва во СЦ „Борис Трајковски’’ во Скопје, Металург загуби од унгарскиот првак со 22:27 полувреме 12:13 за Вестпрем.
Сепак унгарскиот тим бе покажа како пресилен за избраниците на Лино Червар кои и покрај бројните проблеми со кои се соочуваа во последниот период беа рамноправен противник во најголемиот дел од натпреварот.
Најефикасен во победничката екипа беше Момир Илиќ со 8 голови, а во редовите на Металург, Ренато Вугринец постигна 6.
За Вестпрем ова 11-та победа во исто толку одиграни средби, а со новите три бода ја зголеми предноста на +6 во однос на второпласираниот Вардар, кој вчеравечер пред својата публика го совлада Борац од Бања Лука со 31:26.
Табела: Вестпрем 33 бодови (11 одиграни натпревари), Вардар 27 (11), ППД Загреб 24 (12), Мешков Брест 21 (9), Татран Прешов 21 (11), Металург 11 (9) …