За што најмногу се зборуваше на Фејсбук оваа година?

Од:

Ни се допаѓало тоа нам или не, Фејсбук за многумина стана важен дел од секојдневието, а глобалната популарност на оваа социјална мрежа ја прави многу меродавна по прашањето за селекција на најзастапените јавни настани во оваа 2014 година.

Така, Фејсбук објави листа на 10 теми за кои корисниците на оваа социјална мрежа најмногу расправале. Светското фудбалско првенство е тема која е на прво место на скалата, а следат еболата, па претседателските избори во Бразил.

Светското фудбалско првенство беше и најгледан спортски настан, а на Фејсбук за оваа тема зборуваа, споделуваа и лајкуваа повеќе од 350 милиони луѓе. Меѓу останатите теми на листата на 10 најпопуларни се најде и Студениот предизвик, на кој му се придружи и самиот Марк Цукерберг.

Видео снимката од овој предизвик ја гледаа дури 440 милиони луѓе, а само снимката на која со студена вода се полева поранешниот американски претседател Џорџ Буш има гледаност од околу 40 милиони луѓе.

Според објавите на Фејсбук, од 1 јуни до 1 септември корисниците на оваа социјална мрежа размениле околу 17 милиони видео снимки во рамки на Студениот предизвик, кампања чија цел беше зголемување на свеста и собирање на средства за амиотрофичната латерална склероза АЛС.

По Светското фудбалско првенство, еболата и претседателските избори во Бразил, теми кои ги заземаа првите три места, следат на четврто место Робин Вилијамс, на петто Студениот предизвик, на шесто судирите во Газа, а на седмо место е исчезнувањето на авионот на Малезија Ерлајнс.

Супер Боулот, Мајкл Браун, односно случајот Фергусон, како и Олимписките игри во Сочи се на осмо, девето и десето место на листата на најпопуларните теми на Фејсбук во оваа година.

– Во своето најдобро издание, социјалните мрежи помагаат светот да стане глобално село, рече Шерил Сандберг, раководител во Фејсбук кој оваа година ја прослави десетгодишнината од своето постоење.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он