Новинарот на Вест, Насер Селмани и во следните четири години ќе го води Здружението на новинарите на Македонија. Тој беше реизбран на функцијата на денешното редовно изборно собрание на ЗНМ.
Селмани освои 154 гласа, а неговиот противкандидат, новинарот Семи Мехмети од порталот Алмакос 21 глас.
На собранието присуствуваа над 200 членови и гости.