Во Кавадарци запленети петарди од уличен продавач

Од:

Кавадаречката полиција одзеде 1.700 парчиња петарди марка „пират“ од уличен продавач во текот на вчерашниот ден, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

– Против лицето кое ги продавало петардите без лиценца и одобрение, ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава според Законот за заштита од експлозивни материи, изјави Стојковска.

Казната за ваков прекршок изнесува од 200 до 400 евра.

Стојковска најави дека со ваквите акциски контроли ќе се продолжи и во иднина.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски