А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Откриени скопјанец и кумановец кои краделе во Чаир

by А1он13/12/2014 - 12:4913/12/2014 - 12:49102
Share0

СВР Скопје до надлежното ОЈО  поднесе кривична пријава против А.Ј.(18) од Скопје и М.К.(19) од Куманово поради основано сомнение дека  извршиле пет кривични дела ,,тешкa кражбa“ во куќи за што од страна на судија во претходна постапка на А.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од осум дена, додека М.К. во моментот е недостапен на органите на прогонот.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, кривичните дела пријавените ги извршиле во временскиот период од 16 ноември 2014 до 2 декември 2014 година на подрачје на Полициската станица Чаир“, претежно во попладневните и вечерните часови кога сопствениците не биле присутни во своите домови.

Во три случаи со помош на подесен алат и физичка сила пријавените ги отворале влезните и балконските врати, а во два случаи со погоден предмет насилно делувале помеѓу крилото и касата на прозорец, по што влегувале во куќите, и по извршено претурање и пребарување одземале разни видови на вредни предмети. Одземале компјутери, златен и сребрен накит, бижутерија, часовници, пари, гарнитура со алати како и еден сигнален пиштол марка „Екол“, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу  376.200  денари.

Дел од противправно одземените предмети пријавените ги чувале во стан во Скопје каде привремено престојувал првопријавениот, додека пак друг дел од предметите (златен накит), со пониски цени, го продале во златарски дуќан лоциран во Старата скопска чаршија, а  добиените пари од продажбата на истиот ги потрошиле за свои потреби,односно за купување дрога, алхохол, гардероба и трошоци за такси услуги.

На 5-ти овој месец врз основа на добиена судска наредба извршен е претрес во станот каде престојувал првопријавениот при што пронајдени и одземени се сигнален приштол, накит, кутии за накит, рачни часовници, мобилни телефонски апарати и други предмети. По превземени мерки и активности од страна на СВР Скопје, на 10 декември, пронајден е и приведен пријавениот А.Ј. кој во службен разговор во целост ги појасни локациите и начинот на извршување на наведените кривични дела како и златарата каде се продадени предметите. Од друга страна, во просториите на ПС ОН „Чаир“ од страна на оштетените извршено е препознавање на пронајдените и одземени предмети и истите со потврда  им се вратени.

Пријавените лица се регистрирани сторители на  кривични  дела од областа на имотните деликти при што, против А.Ј. во периодот од 2010 до 2014 година поднесени се 10 кривични пријави  за “кражби” и “тешки кражби”, а против М.К. во периодот од 2010 до 2014 година, од страна на СВР Скопје поднесени се 15 кривични пријави за “тешки кражби”.

krazbamvr

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он04/11/2025 - 18:44

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 13:35

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он31/10/2025 - 20:0431/10/2025 - 22:04

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски29/10/2025 - 07:5829/10/2025 - 07:59

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

Предраг Петровиќ24/10/2025 - 16:11

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски23/10/2025 - 11:3523/10/2025 - 11:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен