Со натпреварите од 10. коло, во кошаркарскиот шампионат на Македонија, започнува втората етапа во Првата машка лига.
За денеска закажани се два натпревари. Од 18 часот во Штип ќе се сретнат два тима дебитанти во прволигашката конкуренција Гоце Делчев и Водњански лисици. Час подоцна (19) во Куманово кај истоимената екипа гостува составот на Струмица.
Поради настапот на нашиот првак во регионалната АБА лига, натпреварот Фени Индустри – МЗТ Скопје Аеродром ќе се игра во среда (17 декември).
Колото ќе биде комплетирано дури во петок (19 декември) за кога е закажан дуелот меѓу Карпош Соколи – Кожув.
Слободен во ова коло е тимот на Работнички кој по деветте одиграни кола е на првото место на табелата.
МЗТ Скопје А. 14 (8 одиграни натпревари), Работнички 14 бодови (8), Куманово 13 (8), Фени Индустри 13 (8), Карпош Соколи 13 (8), Кожув 12 (8), Струмица 11 (8), Гоце Делчев 9 (8) и Водњански Лисици 8 (8)