Јолевски: НАТО не побарал разместување ракетни штитови во Македонија

Од:

Република Македонија својата иднина ја гледа како членка на НАТО и ЕУ. До сега нема никакви барања од Алијансата за разместување инсталации на ракетни штитови на територијата на Република Македонија, изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски.

– До сега нема никакви барања од страна на НАТО Алијансата за разместување на инсталации на ракетни штитови на територијата на Република Македонија. Битно е тука да се истакне дека Република Македонија својата иднина ја гледа како членка на евро-атлантските интеграции односно структури, како членка на НАТО и Европската унија. Ние продолжуваме со напорите и со презентација на достигнатото, на реформите со цел што поскоро да станеме членки на овие институции, рече Јолевски во интервју за Македонското Радио Радио Скопје во контекст на украинската криза, на прашањето дали има најави или разговори на НАТО со властите од Македонија за вклучување на земјава и нејзините ресурси за разместување ракетни воздушни системи.

Тој посочи дека како суверена држава паралелно развиваме соработка и со другите земји каде што постои заемен интерес за билатерална соработка. Не само со Руската Федерација и Украина, туку и со Полска, Народна Република Кина и се разбира со спектрум на други земји,

– Јас во многу наврати сум истакнал и моите соговорници се согласиле дека членството на Република Македонија во НАТО ќе придонесе не само за зајакнување на стабилноста на Република Македонија, туку и за зајакнување на стабилноста и во регионот и во Европа пошироко. Дури и Македонија да биде членка на НАТО таа треба перманентно да ги подготвува своите вооружени сили за да можат да бидат целосно интер-операбилни со државите членки на НАТО, со НАТО стандардите. Еден од најлесните и најдобрите инструменти за одржување на оваа кондиција и подготвеност на Армијата е нејзино учество во заеднички меѓународни мисии со НАТО членките. Реформите во Армијата за членство во НАТО, и на нашиот пат кон Европската Унија ги правиме, пред се за самите нас, вели министерот Јолевски.

Би можело да ве интересира

Руте: Три земји-членки на Алијансата не даваат согласност за членство на Украина во НАТО

Зеленски: Ќе се откажеме од членството во НАТО ако добиеме силни безбедносни гаранции

„Њујорк тајмс“: Украина го отфрла предлогот на Трамп за Донбас и членството во НАТО

„Аксиос“: САД се подготвени да ѝ понудат на Украина безбедносни гаранции моделирани според Член 5 на НАТО

Во американскиот Конгрес поднесен предлог-закон за повлекување на САД од НАТО

Шекеринска: Русија врши хибридно влијание врз БиХ и Балканот

А1он