Едно австралиско семејство наследило стара еднокатна куќа од околу сто метри квадратни во западниот дел на Сиднеј, која била под заштита на локалните власти како остаток на старата оригинална архитектура во Австралија.
По макотрпна борба со локланите власти, семејството на крајот успеало да добие дозвола за доградба на куќата, со тоа што стариот дел го зачувал оригиналниот изглед, а надградбата е во модерен стил. Стариот дел е со црвена фасадна цигла, а новиот е со сива фасада со прозорци во разни бои што се протегаат од подот до таванот.
Поради тесниот простор дизјанерите се решиле за изградба на дрвени скали, кои не само што служат за качување на горниот кат, туку имаат улога и на декор во дневната соба.
Надградбата има покривни и странични прозорци со што е направена јасна линија меѓу новиот и стариот дел на куќата, а од друга страна на овој начин е овзоможен и влез на големео количество на светлина во внатрешноста на куќата.
Во ентериерот доминира белата боја со шарени декори, што го надополнуваат целиот амбиент. Белите ѕидови и мебел со додатоци од дрво и шарен дезен се одлично вклопени во целиот амбиент.
Куќата има три спални соби, две бањи, скромна кујна и преубав салон за дневен престој.