Во екксплозија на две бомби во близина на автобуска станица во централниот нигериски град Џос убиени се најмалку 40 лица, пренесоа британските медиуми.
Во бомбашките напади во мај годинава, во истиот овој регион, што им се препишува на екстремистичката група Боко харам, беа убиени 118 лица.
Боко харам е сунитско џихадистичко движење, кое веќе пет години води војна за воспоставување исламиска држава во североисточниот дел на Нигерија.
Претседателот на Нигерија Гудлак Џонатан минатата година прогласи вонредна состојба во три североисточни држави. Оттогаш бројот на напади драстично е зголемен, а тоа наводно се должи на наближувањето на изборите, закажани за февруари 2015 година.