Македонскиот тенсиер Томислав Јотовски го предаде денешниот меч од четвртфиналето на фјучрсот во иранскиот грда Киш. Тој во вториот сет при водство на противникот од 6:2 (прв сет) и 2:0 во гемови го предаде мечот.
Јотовски изминативе 5-6 дена имаше зголемена телесна температура, но сепак успеа да постигне две победи. Здравствената состојба беше причината за Јотовски предвреме да го заврши мечот.
Денешниот ривал Алексис Мусиалек од Франција, кој е трет носител на турнирот сепак беше пресилен ривал во овој момент за нашиот тенисер за кого ова беше последен меч во 2014 година.
За Јотовски ова беше настап на трет турнир во Иран. На два во поединечна конкуренција стигна до четвртфиналето и за секој од нив ќе освои по два поена, додека на првиот играше во финалето во игра на двојки и беше пореазен.