Неколку руски интернет компании формираа специјална награда за масовни комуникации,што ја нарекоа „Едвард Сноуден“ по американскиот бегалец,поранешен соработник на Националната агенција за безбедност (НСА) кој побара и доби азил во Русија.
Според московските весници,станува збор за „првата награда од областа на интернет медиумите која ќе се доделува за посебни постигнувања во модерните медиуми“.
Организатори на изборот за добитник на нововоспоставената награда се компании,членки на една некомерцијална руска асоцијација електронска комуникација.Меѓу основачите се и интернет фирмата „Нотамедиа„ како и руската радио станица „Ехото на Москва“.
Меѓу номинираните за добивање на наградата се бизнис компании,специјализирани електронски медиуми и познати автори во медиумскиот свет.
Сноуден побегна од САД,откако претходно украде доверливи државни документи на НСА,како и деталите од тајната програма на Агенцијата за следење на телефонските и интернет комуникациите.
По бегството, Сноуден прво се најде во Хонг Конг,од каде,потоа, замина за Москва,иако американските власти побараа од Кина тој да биде екстрадиран во САД.
Американецот претходно доби привремен азил,а потоа и трајно право да остане во Русија,но се уште не се знае каде тој точно престојува и од што живее.Според руските прописи Сноуден има прави да патува во странство,но засега тоа право не го користи,стравувајќи дека ќе биде уапсен и вратен во Америка.