Дизајнерите на студиото „Телен Фортен Аркитектс“ реновираа една куќа во Монтреал, изградена во 1960 година, при што го проширија нејзиното приземје.
Двокатната куќа е сместена на стрмен рид од каде се пружа величествен поглед кон хоризонтот.
Доградбата во форма на лента е поставена странично во однос на оригиналната куќа, но при тоа е целосно вклопена во контурите на постојната стуктура.
Ентериерот на домот е во согласност со животниот простор во околината, со употреба на текструри и материјали во светли бои, кои придонесуваат за обезбедување на чувство на поголема пространост и осветленост на куќата.
Фасадата од бетонски плочи во темно сивата боја на антрацитот, се рефлктира во базенот, чие опкружување е бело. Ваквата употреба на бои на минералните руди придонесува за совршено вклопување на куќата во околината богата со големи дрва, кои создаваат чувство на мирна оаза во срцето на Монтреал.